Здравје

Масло од оригано – помоќно од антибиотик: 10 причини зошто да го користите

Можеби сте слушнале за маслото од оригано, но сè уште не знаете какви се придобивките од него. Ориганото е медитеранска билка која најчесто се употребува во италијанските јадења. Најмногу се користи во неговата сува форма, давајќи ѝ на храната посебен шмек. Но покрај тоа што ни ја прави храната повкусна, ориганото може да ни послужи и на друг начин. Прочитајте ги придобивките од употребата на маслото од оригано. 

Маслото од оригано го смирува стомакот

Благодарение на антимикробната активност во маслото од оригано, тоа може да ви помогне да се изборите против појавата на некои од главните причини за раздразнетиот стомак – варењето на храната, ингестија на алергени и токсини и бактериски инфекции.

Го подобрува вашиот имунолошки систем

Додавањето на масло од оригано во вашата секојдневна рутина, е одличен начин за подобрување на вашиот имунолошки систем. Неговите состојки помагаат во борбата против непријатните организми кои му наштетуваат на вашето тело.

Прочитајте и...  Црници: Вистински пријатели на нашето здравје

Ги елиминира интестиналните црви

Интестиналните црви се ретка појава кај луѓето, а многу почеста кај кучињата. Маслото од оригано може да ви биде од голема помош, без разлика дали се работи за вашето милениче или за вас. Во случај на интестинални црви кај луѓето, се препорачува да се додадат неколку капки масло од оригано во шолја чај од ѓумбир. За да биде поприфатливо и повкусно за деца, може да ставите неколку капки од маслото во чаша сок од лимон.

Маслото од оригано може да ве орасположи

Понекогаш, хемиските процеси во нашето тело се неизбалансирани и е потребно повеќе време и напор за да ги вративме во нормала. Користењето на масло од оригано може да помогне, бидејќи е богато со специјални соединенија, како што се тимол и карвакрол. И двете соединенија може да имаат позитивно влијание врз нашиот ум и нервниот систем.

Ги смирува алергиите

Благодарение на неговите антиалергични својства, маслото од оригано може да ги смири симптомите на разните алергии.

Прочитајте и...  Турски научник открил зошто луѓето заболуваат од рак - веднаш го нападнале и пробале да ја сокријат вистината
Colorful food tea wooden exotic Free Photo

Помага при проблеми со респираторниот систем

Постојат многу природни лекови за проблемите со респираторниот систем. Маслото од оригано е еден од најпопуларните, како и еден од најмоќните. Маслото од оригано се бори против грипот, го напаѓа и го уништува. На истиот начин делува и врз респираторните инфекции.

Помага за подобра дигестија

Доброто здравје започнува со добрата исхрана. Тоа значи со здравата исхрана ќе имате и здрави црева. Лошата исхрана доведува до многубројни бактерии, кои лесно можат да предизвикаат зголемување на телесната тежина, заморот, влошување на состојбата на кожата и друго. Постојат многу начини за чистење на вашиот гастроинтестинален тракт, а маслото од оригано е исто така еден од нив.

Маслото од оригано може да ги намали менструалните болки

Ментруалните болки честопати предизвикуваат непријатни и болни чувства. За среќа, постојат начини за ублажување на ментруалните болки, а маслото од оригано е еден од нив. Тоа го поттикнува протокот на крв и не предизвикува никакви проблеми кај бремените жени.

Масло од диво оригано е најмоќниот природен антибиотик – еве кои ...

Ориганото има антигабични својства

Габите можат да предизвикаат инфекции во увото, грлото и носот, кои може да претставуваат потенцијална опасност по животот. Маслото од оригано има антигабични својства и може да ги спречи ваквите инфекции уште пред да започнат.

Прочитајте и...  10 здрави намирници кои го намалуваат нивото на холестерол

Го намалува ризикот од хронични заболувања

На хроничните болести им се потребни години за да се развијат, а откако ќе се развијат во нашето тело, тие не заминуваат за брзо време. Маслото од оригано не може да ги спречи ваквите болести, но може да го намали ризикот од нивната појава. За подобар и поздрав живот, секојдневно додавајте го маслото од оригано во топлите пијалаци.

Најпопуларно

To Top