Македонија

ДО КОГА? Масовно труење на кучиња бездомници во Охрид

Повторно ескалираше ситуацијата со кучињата бездомници во Охрид. На среде бел ден на градскиот плоштад со силниот отров “ланате” беа усмртени неколку кучиња.

Непознат сторител го фрлил отровот во паркот, а кучињата го имаа расфрлано низ целиот плоштад. Овој нецивилизиран чин наиде на остра осуда од охриѓани.

„Денес на сред плоштад во Охрид се десија труежи. Затруени начекавме три душиња. Менда, Слонче и едно друго мечуле на кое уште именце не му имаме дадено. Менда успеавме да ја спасиме (таа на првото, второто и последното видео) и ја сместивме на импровизирано местенце дур се опорави целосно, Слонче не издржа иако интервенираа ветеринари, а ова последното мечуле малку беше затруено (изгледа не каснало многу од подметнатата храна со отров) и навреме спречивме проширување на дејството на отровот. Двеве душиња втор живот ќе тераат благодарение на брзата интервенција на нас активистите, на ветеринарите Јане, Оливер и Ристе, и на вработените во околните кафе барови кои несебично ни помагаа и асистираа. Ветеринарите констатираа дека станува збор за Ланате, високо токсичен отров кој е во строга продажба и огромна е процедурата за да можеш да го набавиш, но ете некој успеал. Беше повикана полиција на терен и крим техника, направен е записник и ветена е сериозна истрага и проверка на камерите, а за сето тоа притисна и самиот заменик градоначалник кој го повикав на лице место да го сведочи овој хорор над кој згрозени останаа мноштво граѓани и туристи, кои и снимаа и сликаа па можете да видете каква слика тоа ќе остави за градов затоа што на бездушници им е дозволено да чинеат монструозности и отрови да си продаваат. Дадовме и изјави за локален медиум, кои дојдоа на лице место и го снимаа овој хорор. Дефинитвно е крајно време за заострување на мерките и чекорите на нашето дејствување, но и на оние неколкумина совесни и професионални лица ширум институциите, ќе биде ептен дрско ако речеме дека ги нема такви. Воедно, нудам апел за некој да ја вдоми Менда, стерилизирана е, исто како и Слонче која беше и која веќе имаше потенцијален вдомувач во Холандија, но не ја дочека својта среќа. А се нуди и награда од 500 евра за оној што ќе посведочи во полиција (заедно со наша поддршка) за тоа кој “јунак” го расфрлал отровот. Редно време е некој да окапа во затвор и да биде поука за некои идни “јунаци” да го стават прстот на глава штом моралот и совеста во нив затаиле и се оддале на шепотот на демоните.
Слонче мило ќе ни недостигаш, толку кротко беше и милно, чаршијата без тебе ќе ни биде попразна.
Боже Господе, се молам час поскоро да се вразумат ваквите опеколени души и да се покаат за сторените грозоморија и убиства, оти со овие и вакви недела патот кон својот пекол си го поплочуваат.
Материјалов и текстот може слободно да биде искористен од новинарите. “
– Фејсбук статус на Климент Арнаудов

Прочитајте и...  Велешанецот Милан Ристов го прослави стотиот роденден

Денес на сред плоштад во Охрид се десија труежи. Затруени начекавме три душиња. Менда, Слонче и едно друго мечуле на кое…

Gepostet von Климент Арнаудов am Donnerstag, 7. November 2019

Фото: 24.mk

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top