in

Маж купува желки од продавници и ги пушта на слобода во океанските води

Ова можеби е изненадување за повеќето кои го читаат,но во некои продавници низ светот можно е купување на живи морски желки. Ова ги изненадило и Арон Кулинг и Марк, неговиот соработник, кога во локален маркет во Папуа Нова Гвинеја виделе две живи морски желки.

Повеќето морски желки се класифицирани како загрозени или ранливи, но сепак е легално да се ловат желки во области како што се Мексико, Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Желките се ловат за продавање на нивното месо и школка. Кога Арон и Марк сфатиле дека желките се продаваат, тие платиле $50 за нив, возеле до сигурно подрајче и ги ослободиле во океанските води. Ова го имаат направено повеќе пати, спасувајќи 10 желки и давајќи им втора шанса да живеат на слобода.

Прочитајте и...  Tраги од бомби од нуклеарни тестирања на дното на океанот

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote