Свет

Маж се фотографирал со мртви тела на бебиња слонови велејќи дека ги убил во самоодбрана

Фотографиите кои излегоа во јавноста покажуваат дека маж од Џорџија, САД стоејќи покрај друг маж со пушките во раце се фотографирале до мртви тела на две бебиња слонови. На обвинувањата за убивањето на малите слончиња се бранел велејќи дека ги убил во самоодбрана.

Мајк Џинс кој е партнер во ТопГен Алфарета, Џорџија по објавување на фотографиите се соочил со тешки критики од страна на јавноста и организациите за заштита на животната средина. Критиките исто така негативно влијаеле врз неговиот бизнис.

Илјадници корисници на интернетот го обвинуваат Мајк и неговиот придружник Макс Делезен кој е професионален ловец за убиство од забава низ нивната тура во Зимбабве, а не како што тие изјавиле во самоодбрана.

Мајк и Макс биле на лов во октомври 2018 година, но фотографиите биле објавени дури сега. Фотографиите биле направени со телефонот на Мајк како спомен за трофејниот лов.

Фотографиите биле вирално прикажувани, а прв ги објавил Дерел Ајсман. Во објавата навел дека фотографиите се со вознемирувачка содржина и ако некој има против убивање на недолжни животни да ја сподели објавата. Исто така го напишал меилот на Мајк за сите гневни луѓе да можат да му го кажат своето мислење.

Прочитајте и...  19-годишен рапер доби 55 години затвор по хит во кој признава убиство

За многу кратко време фотографиите се рашириле насекаде низ светот и илјадници корисници на интернетот го искажале својот гнев преку праќање на меилови и јавно споделување на нивното мислење во врска со убиствата.

„Ти немаш срце, немаш душа!“ , „Ова е болно и патетично!“, „Злобен човеку, како си можел да го сториш ова?“- се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Најпопуларно


To Top