Македонија

Мечето Теди оди на ресоцијализација

Мечето Теди од Зоолошката градина во Штип ќе оди на ресоцијализација во резерват во Швајцарија или во Бугарија, во кој ќе се дружи со други мечки како него. Активистката за заштита на животни и портпаролка на скопската Зоолошка градина Тина Мицковска вети дека ова е последната фотографија на која тој ќе биде тажен.

По неколкумесечната битка со ветерници, конечно ми е одобрено, „4 Paws“ и фондацијата на „Брижит Бардо“ да го земат во резерват кој се простира на 150.000 м2 и каде што има и други мечиња како него кои се на ресоцијализација и добиле шанса за подобар живот. За околу 10 дена, Теди доаѓа да го прегледа еден од најдобрите светски ветеринари за диви животни од Германија, а потоа забрзано ги подготвуваме документите и транспортот. Следна фотографија која ќе ја ставам, ќе биде од прегледот, а наредната по таа – Теди и јас насмеани во пространа зелена шума, пишува Мицковска.

🌞🌞🌞Ова нека биде последна тажна слика од мечето Теди.По неколкумесечната битка со ветерници, конечно ми е одобрено, 4…

Gepostet von Tina Mickovska am Donnerstag, 9. Januar 2020
Прочитајте и...  Подарени книги и сликовници за дечињата на детско одделение во болницата во Гостивар

Најпопуларно

To Top