Филм & ТВ

„Медена земја“: Документарецот најдобар филм за 2019 според „Њујорк Тајмс“

Според “Њујорк Тајмс”документарниот филм „Медена земја“, на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е вброен меѓу најдобрите филмови на годината.
Официјалната македонска премиера на „Медена земја“ се одржа на 28 август 2019 година на затворањето на 10. издание на фестивалот за документарни филмови „Македокс“.

medena zemja 1

Истиот ден, во рамки на фестивалот, имаше проекција и во Младинскиот културен центар.
Почнувајќи од 29 август, пак, филмот се најде на редовниот репертоар во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“.

„Медена земја“ е на прво место според изборот на реномираниот критичар на „Њујорк тајмс“ А. О. Скот, кој во образложението вели:

„Зачнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од востановен еп, алегорија за животната средина од вистинскиот живот, и, не помалку, боцкава комедија за вечниот проблем сo терсене соседи“.

На листата на Скот, меѓу неговите топ 10 најдобри на годината се и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и корејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо.

Прочитајте и...  Погледнете го трејлерот за 8 сезона на „Игра на тронови“

„Медена земја“ вечерва ја освои и наградата за најдобар документарец на Здружението на филмски критичари на Њујорк.

Македонскиот документарен филм „Медена земја” ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија.

Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси.

Извор: magazin.mk

Најпопуларно


To Top