Македонија

„Медена земја“ номиниран за најдобар европски документарец за 2019 година

Уште едно признание за македонскиот документарен филм „Медена земја“. Осумдесет и пет минутниот производ потпишан од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран меѓу петте за најдобар документарец за 2019 година на Европските филмски награди, а во организација на Европската филмска академија (ЕФА). Во конкуренција за ласкавото признание се и „За Сама“, „Сведоците на Путин“, „Селфи“ и „Исчезнувањето на мојата мајка“.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во срцето на Македонија. Главна цел на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начинаконцепти на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.

„Медена земја“ ја освои највредната парична награда за поддршка на проекти во износ од 30.000 евра од Турската национална телевизија (ТРТ) на филмскиот фестивал во Сараево во 2017 година.

Прочитајте и...  46 новозаболени од коронавирус во Македонија, вкупниот број е 663 лица

Снимањето на филмот почна во 2015 година како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка во координација со „Фармахем“. Филмот доби и грант од 25.000 долари од Фондот за документарни филмови на Меѓународниот фестивал Сан Франциско, а од Агенцијата за филм на Македонија доби околу 50.000 евра.

Церемонијата на прогласување на најдобриот документарец за 2019 година, но и на најдобрите филмски остварувања во останатите категории е закажано на 7 декември во Берлин.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top