in ,

Меган Маркл и се враќа на глумата, агентите во потрага по улога

Меган Маркл и принцот Хари го шокираа светот по одлуката да се повлечат од кралските должности, а многумина сметаат дека на ваквата одлука големо влијание имала желбата на војвотката од Сасекс да се врати на глумата.

Странските медиуми пренесуваат дека токму на ова поле Меган работи во моментов, таа потпишала договор со Дизни, а сега бара од своите агенти да и најдат добра улога со која ќе се врати во актерските води.

Ник Колинс, еден од агентите на Меган и рекол дека за неа бара улога на суперхерој со која најдобро би се претставила.

-Активно бара филм за неа, а Меган вели е достапна и отворена за најдобрите понуди. Планира низа состаноци во Холивуд, истакнал извор за „Мирор“ кој додал дека заработениот износ ќе го донира во хуманитарни цели.

Прочитајте и...  Принцот Хари и Меган Маркл добија син

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote