Мексиканка преживеа пад од 25 метри вежбајќи јога на балкон, искрши 110 коски

Да бидеш фитнес ентузијаст можеби е нешто добро, но да го загрозиш животот за фитнес, е тоа е нешто друго. Жена од Мексико преживеа пад од 25 метри од балкон бидејќи се превртила преку оградата.

24 годишната Алекса Теразас паднала 25 метри, од нејзиниот балкон на 6ти кат. Пробувала да демонстрира екстремни јога позиции, и ја користела оградата како реквизит.

Според порталот Еl Impractical, се лизнала од оградата и паднала врз тротоарот пред зградата. Соседите објаснувале дека пробувала да демонстрира јога поза превртена преку оградата. Властите докажале дека оградата била цврста, без никаков дефект и дека ова е само несреќен случај.

Алекса е студентка по нутриција во Tecnologico de Monterrey. По падот од 25 метри, била однесена во болница, каде подлегнала на операција која траела 11 часа. Скршени и биле 110 коски и била во критична состојба, со повреди на главата, двете нозе, колкови и раце.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.