„Ми ги украдовте соништата и детството“: 16-годишната активистка Грета им одржа лекција на светските лидери

Грета Тунберг со емотивен говор се обиде да им ја разбуди свеста за климатските промени на светските лидери.

На Климатскиот самит на ОН, 16-годишната активистка, која е номинирана за Нобелова награда за мир, со насолзени очи им зборуваше на политичарите дека нејзината генерација ќе ги трпи последиците од нивните грешки.

„Ова е погрешно. Не би требало да сум тука. Би требало да сум на училиште на другата страна од океанот. А сепак, вие ни се обраќате нам, на младите луѓе, за надеж? Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови.“

„Јас сум меѓу среќниците. Луѓето страдаат. Луѓето умираат. Цели екосистеми се распаѓаат. Ние сме на почетокот на масовно истребување, а вие зборувате само за пари и приказни за траен економски раст. Како се осмелувате?“ – рече Грета, која има Аспергеров синдром и е во аутистичниот спектар.

Прочитајте и...  Пензионер чекал 23 часа во болница и на крај починал: Камерите снимиле скандалозна негрижа на медицинскиот персонал (ВИДЕО)

„Повеќе од 30 години, науката е кристално јасна. Како се осмелувате да продолжите да гледате на другата страна и да доаѓате тука велејќи дека правите доволно кога потребните политики и решенија ги нема никаде? Велите дека нè слушате и дека ја разбирате итноста, но без оглед на тоа колку тажна и лута сум јас, не сакам да верувам дека тоа е вистина. Бидејќи ако навистина ја разбиравте ситуацијата, а сепак не преземате ништо, тоа би значело дека сте злобни. А одбивам да верувам дека тоа е така“ – додала таа.

Смелата Швеѓанка со лут израз на лицето истакна дека мерките кои ги преземаат развиените држави за заштита на животната средина и за намалување на емисијата на штетни гасови не се доволни.

„Нè изневерувате. Но, младите луѓе започнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. Ако изберете да нè изневерите, јас велам дека никогаш нема да ви опростиме. Нема да ви дозволиме да се извлечете со ова. Токму сега и тука ја повлекуваме линијата. Светот се буди. Промените доаѓаат, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не“ – со силни емоции рече Грета.

Прочитајте и...  Петнаесет години криела дека татко и е починат, земала 740.000 фунти пензија

Самитот на тема „A Race We Can Win. A Race We Must Win“ беше свикан од Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој ги пофали младите луѓе како Грета.

„Мојата генерација не успеа да преземе одговорност за да ја заштити нашата планета. Тоа мора да се промени. Климатската криза е предизвикана од нас и решенијата за неа мора да дојдат од нас“ – истакна тој.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде