„Microsoft“ ја испроба четиридневната работна недела – продуктивноста скокна за 40 отсто

Се’ повеќе помали компании во светот, а некои почнаа и на Балканот, го усвојуваат концептот на четиридневна работна недела. Најновите резултати на тестирањето на таа идеја потврдуваат дека може успешно да фукнционира и во големите фирми.

„Мајкрософт“ летово во Јапонија го претстави проектот „Предизвик на работниот живот“. Секој петок во таа земја ги затвораше канцелариите и на своите вработени им даваше дополнителен, трет слободен ден во неделата.

Резултатите беа охрабрувачки. Иако времето поминато на работа е драстично намалено, продуктивноста нарасна за речиси 40 отсто во однос на истиот период лани, пишува СНН.

Освен што ги намалија работните денови, менаџерите во тој период апелираа до вработените состаноците да ги скратуваат – да траат најмногу до половина час, а и помалку да одговараат на електронска пошта.

Освен повисоката продукивност, придбовка на компанијата во тој период била и заштеда на ресурси, како електрична енергија и слично.

Прочитајте и...  Трагедија во Тел Авив: Еден од вработените го изгуби животот
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде