Македонија

Михаела го победи Ковид-19: Сега пеам за сите пациенти кои се сè уште во болница

Михаела Јаневска е млада девојка од нашата земја која се избори со КОВИД-19. Всушност таа е пациентката која во летот од Барселона за Скопје, патуваше со маска и ракавици и одвоена од другите патници, поради тоа што чувствувала симптоми на коронавирус, и веднаш се пријави на Инфективната клиника во Скопје.

Таа по доаѓањето во својот дом, излечена и среќна, сподели видео на социјалните мрежи, во кое го пее хитот „Stand by me“ со посвета на сите пациенти и медицински лица.

Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас – напиша Михаела под видеото.

(ENGLISH BELOW)Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас ❤️After fighting off the coronavirus and leaving the hospital with negative tests I am the happiest person on earth. I’m also so very happy to be home since I went directly from the plane to the hospital. A big thank you to all the doctors and nurses who took care of me and continue to take care of everyone else. Today I sing for them and for all the patients still in the hospital. This is for you ❤️

Gepostet von Mihaela Janevska am Dienstag, 31. März 2020

Извор: република.мк

Прочитајте и...  Првите 150 македонски 3Д печатени заштитни маски со визири се испорачани до докторите!

Најпопуларно

To Top