Милијардер подели девет милиони долари преку Твитер

Јапонскиот моден тајкун, Јусаку Маезава подели преку Твитер девет милиони долари за илјада свои следачи, со желба да провери дали луѓето навистина се посреќни кога имаат повеќе пари.

Илјада луѓе кои го ретвитуваат неговиот налог на Твитер ќе добијат по 9.000 долари.

Тој објасни дека го започнал овој социјален експеримент со цел да ги поттикне научниците и економистите да отворат расправа за универзалните приходи.

Маезава е познат и по тоа што ќе биде еден од оние кои ќе заминат во мисијата на Месечината. Тој на Твитер бара сродна душа, на која ќе и понуди „брачно патување“ на Месечината.

Прочитајте и...  Eмили Ратајковски во класично издание без градник го полуде посилниот пол
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.