Животински свет

Мистерија на природата: Запознајте ја „дамка“, организам кој личи на габа, но се однесува како животно (ВИДЕО)

Зоолошката градина во Париз претстави мистериозен нов организам, наречен “дамка” (Blob), жолтеникаво едноклеточно живо суштество кое изгледа како габа, но се однесува како животно.

organizam mrlja aps 637925714

Новиот примерок на Париската зоолошка градина, кој пред јавноста ќе биде претставен во сабота, нема ни уста, ни стомак, но очи, но сепак може да детектира храна и да ја свари. 

“Дамката” има речиси 720 полови, може да се движи без нозе или крила и се регенерира за две минути ако е пресечена на половина.

“Дамката е живо суштество кое претставува една од мистериите на природата”, вели Бруно Давид, директор на Музејот за историја на природата во Париз, од кој е дел Зоолошката градина.

Прочитајте и...  Кога мачките ќе се „издрогираат“ - 18 фотографии од занесени мачки

“Дамката не изненадува бидејќи нема мозок, но може да учи. Покрај тоа, ако споите две дамки, онаа која стекнала знаење, ќе го пренесе на другата”, истакнал Давид, пренесува “Reuters”.

Наречена е по научнофантастичниот хорор филм “The Blob” од 1958-ма година во кој Стив Меквин ја имал главната улога, а во кој вонземјанскиот организам “дамка” уништува се што ќе му се најде на патот во мал град во Пенсилванија.

“Знаеме дека сигурно не станува збор за билка, но не сме сосема сигурни дали е животно или габа”, рекол Давид.

Тој додал дека “дамката” се однесува сосема изненадувачки за нешто што изгледа како печурка бидејќи се однесува како животно и има способност да учи.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top