in

„МојМиленик“ – нова апликација за пронаоѓање изгубени миленици

Креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски, деновиве објави нова апликација за пронаоѓање на изгубени миленици.

Целта на апликацијата е полесно пронаоѓање на изгубените миленици кои досега се објавуваа по различни Фејсбук групи.

Апликацијата изработена во соработка со Елена Андреева е достапна на Android и iOS, а преку неа може да се пријавуваат изгубени миленици и пронајдени животни на улица.

„За секоја објава во вашиот град, добивате нотификација, и на тој начин може веднаш да помогнете во барање на милениците!“, се вели во најавата за апликацијата.

Апликацијата работи заедно со Фејсбук групите, односно во апликацијата се добива линк од секоја објава кој може да се споделува.

Прочитајте и...  Човечкиот ,,Кен” се оперира за да стане ,,Барби” (ФОТО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote