Мојот внук има аутизам поради ММР | Емотивна исповед на Маја Оџаклиевска

Маја тврди дека нејзиниот внук страдал од аутизам по ММР вакцината.

Маја Оџаклиевска е еден од најсилните вокалисти во нашиот регион. Познатата пејачка е од Македонија, а што се однесува до музиката, иако има издадено само два албуми, нејзините песни се евергрини.

За приватниот живот не ретко зборува, па така откривме дека Маја имала вкупно 12 бракови.

– Имав 12 т.н. бракови. Како ќе дојдеа моментите на зајадувања или однесувања кои не ми се допаѓаа, ги собирав стварите во кеси за ѓубре и велев стварите ти се тука. Здраво, збогум и нов брак. Мајка ми велеше “jedan se otegao drugi se protegao“.

Така Маја изјавила во емисијата Magazin IN.

Маја има две деца, а она на што особено е ранлива е нејзиниот внук Лука. Имено, Лука страда од аутизам по ММР вакцината, вели Маја … Лука има само 7 години, а Маја отворено за овој проблем проговори во емисијата “150 минути”:

– Ги советувам родителите да бидат отворени и јавно да разговараат за аутизмот на нивните деца, затоа што само на тој начин можат да стекнат услов за помош. Ние така најдовме биоенергичар, квантна медицина, и многу нешта што на Лука навистина му помагна и неговиот напредок беше очигледен. Не треба да го криете аутизмот, тоа не е ментална болест. Се повеќе, мислам дека се стекнува, и дека за тоа е виновна ММР вакцината, но сега не би зборувала за тоа, бидејќи по оваа вакцина почнаа првите манифестации на аутизмот. Тоа се случи кога имаше две години. Затворање, асоцијалност, криење под маса. Едноставно, изолација. Ваквите реакции започнаа еден месец по добивањето на вакцината. Јас прва тоа го забележав, а не ќерка ми, бидејќи веќе одгледав две деца, имам повеќе искуство. Едноставно, за мене тој немаше фокус, а го имаше на шест месеци. Навистина немаше никаов фокус, ниту интеракција. Можете да викате покрај него, тој е во својот свет, и некако тажен. Тоа е многу болно за родителите. Првите две години ги кажуваше оние први зборови кои секое дете ги кажува: мамо, тато, бабо. А сега повеќе и не зборува. Тој веќе пет години молчи. Додуша, пее и изговара некои слогови, но тоа е сè. Мислам дека е дојдено времето со помош на сите овие луѓе на кои им се обративме, да му помогнеме на соодветен начин и детето да проговори. Инаку, тој сфаќа сè.

Дека е Маја исклучително емотивна, и мајка и баба, покажува оваа порака со која на нејзината ќерка и го честиташе роденденот пред неколку дена:

Na danasnji dan, pre 33 godine, rodila sam svoju prvu princezu…Sreco majkina, zelim ti lahor od zivota, budne snove,…

Gepostet von Maya Nika Lasting am Mittwoch, 1. November 2017

Наслов на оригиналот: MOJ UNUK IMA AUTIZAM ZBOG MMR-A Emotivna ispovest Maje Odžaklijevske

Објавно 08.11.2017, piplmetar.rs

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.