in

„Моќта на човечноста“

Она што може да се памети и останува зарежано во нашите глави е ЧОВЕЧНОСТА,  ДОБРИНАТА,  И ЉУБЕЗНОСТА.  

Ако Владо Јаневски пее: Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине. Забележуваме дека создава трнлив и борбен пат, создаден од корени на лошо и добро .  

Ако го следиме доброто, и постојано се „закитуваме“ со добри дела, добрината ќе свети право од нашите очи и срца. Се што бара таа е да го следиме секој нејзин истраен чекор.

Нејзино име добрина, презиме чесност, запечатено дело – ЧОВЕЧНОСТ.

Ако на цвеќето му треба доволно вода и сончева енергија, на добрината и треба љубов и силна желба и волја.  Не можеме да се чувствуваме човечни во присуство на притисок со сила на вакум.  Со сила, ништо не бидува. Ако не сме среќни и исполнети,  да станеме денес од кревет, да го оставиме телефонот, се зад себе а токму ние со чекор пред себе. Да стоплиме нечие срце, да нацртаме нечија насмевка, да обоиме нечии образи од среќа со црвено-руменикава боја.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Роверот на НАСА „Упорност“ безбедно слета на Марс

Ќе почувствуваш енергија која ќе те држи моќен долго време.  

Сега, биди човек.  

Не утре или пак можеби задутре.  

Да мислиш со ум, да создадеш милост, да излечиш болка.  

Погледни во небото, здогледај ја најубавата ѕвезда како сјае, тогаш замисли колку многу ќе сјаеш ти само кога ќе си ЧОВЕК.
Те замолувам, биди причинител за доброто, во суровиот свет.  
Знам, ти се чини дека е ладно и нема топлина, но и фудбалскиот натпревар е најжежок на самиот крај.
Пушти ја топката кон напред,  ќе успееш да го дадеш посакуваниот гол.
Да биде човек,  е уметност.
Да се биде човек,  срцето треба силно да ти бие!

Сања Симјаноска

Што мислите?

1 Поен
Upvote Downvote