Занимливости

Моќта на зборовите: Приказната за Кафка и куклата

Кога имал 40 години, Франц Кафка, човек кој никогаш не се оженил и немал деца, се шетал низ парк во Берлин и сретнал едно девојче кое плачело бидејќи ја загубило омилената кукла. Таа и Кафка ја барале куклата но не ја нашле, па Кафка и рекол да дојде утредента и повторно да ја бараат.

Kafka_s_doll

Следниот ден, тие повторно не ја нашле куклата, па Кафка на девојчето му дал едно писмо „напишано“ од куклата што велело „Те молам не плачи. Јас одлучив да го прошетам светот. Ќе ти пишувам за моите авантури“.
Така започнала една приказна која продолжила сѐ до смртта на Кафка.

За време на нивните средби, Кафка ѝ ги читал писмата од куклата внимателно испишани со приказни и разговори од авантурите кои многу му се допаднале на девојчето.

По некое време Кафка ѝ ја донел куклата (купил нова) која се вратила во Берлин. „Но, ова не изгледа како мојата кукла“ рекло девојчето. Тогаш Кафка и дал уште едно писмо во кое пишувало: „Моите патувања ме изменија…“. Малото девојче брзо ја грабнало куклата и среќно ја однесло дома.

Прочитајте и...  Уметник претвора вистински школки во прекрасни украсни чинии

Една година подоцна Кафка умрел. Многу години подоцна, сега веќе возрасна, девојката нашла писмо во куклата. Во малото писмо потпишано од Кафка било напишано: „Сѐ што сакаш, еден ден ќе се изгуби, но на крајот љубовта ќе се врати во некој друг облик.“

Најпопуларно


To Top