Текстови и колумни

Молк – поема која ќе ви побуди длабоки чувства на меланхолија

Жртвувај се ми рекоа.
Жртвувај се до последна капка крв.
За мене.
За нив.
За секој кој го сакаш.

Дари добрина.
Надополни време.
Најди компромис.
Дари љубов.
Зборовите не се и толку битни додека плукаш крв.
Битни се само кога решаваат туѓи проблеми.

Заќути..
Нека зборува тишината.
Јас и онака долго време не знам да ти кажам ништо својствено.
Ништо што ќе го распали огнот во жарот.
Мојот здив не допира.
Не е толку силен за да распламти…како некогаш.

Дарувај се…
Жртвувај се пак ми рекоа.
До последна капка, да рини се.
Додека не станеш мала честитка што ветерот го носи.
Да не ја гледам твојата сила.
Да не го допирам твојот жар кој очи ми боде.
Заќути.
Тишина нека ја облее собава.

Облечи нешто невпечатливо.
Нешто што ќе ти ги сокрие раните.
Немој, не ги покажувај.
Сокриј го своето битие.
Сокриј ги своите заби.
Носиш непресушен бунар од злато…

Прочитајте и...  Мајсторот на зборот во мојата имагинација

Нека не гледаат.
Твоите очи нека зрачат помалку.
Светлината сокриј си ја.
Нека преовладува мрак.

Заќути.

Јелена Ѓиноска

Најпопуларно

To Top