Животински свет

Момче-херој го жртвува својот живот за да спаси бебе елен од давење

Секогаш кога ќе слушнеме приказна за луѓе кои ги ризикувале своите животи за да спасат некое беспомошно животно нашето срце се топи од среќа. Често мислиме дека само она што е околу нас е важно, но кога ќе видиме нешто како ова што следи сфаќаме колку всушност е голем овој свет и со колку многу животи го споделуваме нашиот.

Младо момче го ризикувало својот живот за да спаси бебе елен од излеаните води од реката. Прочитајте подолу како ова момче го спасило еленчето:

Името на момчето е Белал и тој е во раните тинејџерски години. Кога го здогледал ова еленче како се дави, неможел да се воздржи, а да не му помогне ризикувајќи го својот живот.

Тој го чувал еленчето над неговата глава со едната рака, а со другата пливал со надеж дека ќе го спаси.

Додека го спасувал еленчето, очевидците не биле сигурни дали и тој самиот ќе преживее, бидејќи реката се движела многу брзо и го повлекувала Белал со неа.

Но Белал успеал да стигне на другата страна од реката и го соединил еленчето со другите членови од неговата фамилија. Очевидците биле пресреќни!

Бебето елен било одделено од неговата фамилија кога во Ноакали, Бангладеш се случила бура и наврнало многу дожд, што предизвикало огромни поплави.

Фотографот Хасибул Вахаб го имал при рака својот апарат и успеал да го слика целиот процес на спасување.

Додека траат врнежливите денови во Ноакали, многу елени ги губат своите животи поради неочекуваните поплави. Локалните жители даваат се од себе за да ги спасат и заштитат.

Прочитајте и...  Еднаш годишно, секоја година, мајка патка ги шета своите бебиња низ болница во Њујорк

Хасибул Вахаб изјавил: „Тоа е едно многу храбро момче. Реката беше преполна и се искачи толку брзо што мислевме дека момчето ќе се удави.“

„Мојот пријател се подготвуваше да скокне по момчето, но тој успеа да излезе сам од таму.“

„Имаше присутни околу пет до седум луѓе, но ова беше феноменална глетка.“

Колку е среќно ова еленче што успеа да биде спасено од бестрашно момче. Неговите родители сигурно се горди на неговата храброст.

Фамилијата на ова еленче мора да е многу благодарна на момчето што го спасил малото еленче, иако тие неможат да го изразат тоа.

Оваа приказна е навистина неверојатна. Среќни сме што Хасибул успеал да го овековечи овој момент и целиот свет да се воодушевува на храброста од ова момче.

Најпопуларно


To Top