Фестивалот на лимони во Ментон, „Fete du Citron“, се одржува секоја година кон крајот на февруари – почетокот на март и трае нешто повеќе од две недели.

Оваа година во градчето Ментон на јужниот брег на Франција, се одржува 87. Фестивал на лимонот.

За време на фестивалот градчето е украсено со скулптури конструирани со локалните портокали и лимони за што се користат и до 145 тони овошје. Секоја година фестивалот има различна тема, а оваа година скулптурите ги слават сите фестивали и карневали низ светот, од Рио и Октоберфест до Њу Орлеанс.

Фестивалот на лимони е еден од најголемите случувања во Франција, а заедно со карневалот во Ница, овој дел од француската ривиера го посетуваат повеќе од стотици илјади луѓе.


