in ,

„Може слободно да умре“: Синот на Бритни Спирс го навреди својот дедо (ВИДЕО)

Некогаш една од најголемите поп-ѕвдезди на светот, Бритни Спирс (38) и денес предизвикува голем интерес во јавноста каде и да се појави, иако во потполност не е јасно што се случува со нејзината музичка кариера. Пред 4 години се врати после подолга пауза со својот деветти студиски албум „Glory“, но наводно повторно размислува да се откаже од музичката кариера.

И додека јавноста е оставена во „мрак“, нејзиниот 13-годишен син Џејден, кој Бритни го доби со поранешниот сопруг, танчерот Кевин Федерлајн (41), најавува на Инстаграм дека ќе открие што се случува со неа и сите нејзини тајни, во замена за нови следбеници. Тинејџерот изгледа дека не се воздржува од ништо со цел да „заработи“ нови виртуелни фанови и така да стане попопуларен.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн вели дека „се справува“ со контроверзниот испад на нивниот 13-годишен син при социјалните медиуми „како одговорен родител“.

Адвокатот на Федерлајн, Марк Винсент вели дека испадот е резултат на „фамилијарни односи“.

Тој додава дека видеото било „резултат на 13 годишно дете кое се однесува како 13-годишно дете“.

Прочитајте и...  Тамара Тодевска, водителка на музичкиот спектакл “Music Awards Ceremony 2020“

Инаку, 13-годишниот Џејден отвори инстаграм-профил и со вклучување во живо рече дека неговата мајка веќе нема да се занивама со музика, a го нападна и својот дедо Џејми (таткото на Бритни).

За време на стримот, Џејден не изгледа како да се грижи што кажува, истакнувајќи „На татко ми не му е ни гајле. Го имам најдобриот татко на светот. Мојот татко е буквално Исус“.

Синот на Бритни беше „полн со откририја“ за време на стримот во живо на неговиот инстаграм-профил. Тој се снимал додека бил во домот на неговиот биолошки татко во Калифорнија, кога одлучил да направи „прашања и одговори во живо“.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote