Галерија

Mултитаскинг: Мајка ја дои двегодишната ќерка во породилната сала пред да го роди второто дете

Мајките се кралици на мултитаскингот, а оваа фотографија е доказ за тоа.

01 2

На неа, мајката Кејт ја дои двегодишната ќерка во породилната сала додека има контракции. Нежниот момент беше овековечен од фотографката Меган Доерти.

„Бабата ја донесе големата сестричка на болница за да помине време со својата мајка пред таа да се породи. Мајката знаеше дека ќерка ѝ ќе сака да цица и знаеше дека тоа може да помогне во процесот на породување. Ќерката побара да цица кога пристигнав таму и мајката ѝ дозволи. Стимулацијата на брадавицата може да го забрза процесот на породување. Бебето се роди два часа по подојот“ – изјавила фотографката Меган, која ја сподели фотографијата на Instagram и доби многу позитивни реакции.

„Мајките се неверојатни. Нашите тела можат да создадат бебе и да хранат друго бебе истовремено. Раѓањето и доењето се нормални и природни и нè потсетуваат колку е важна човечката поврзаност и колку се неверојатни нашите тела“ – додала Доерти.

03
05 1 1
06 1
Прочитајте и...  Пејачот Ламбе Алабаковски по втор пат стана татко
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top