Македонија

На 1 декември Скопје ќе добие дигитализирана елка на плоштадот

1 2

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка и „Винтерленд“ градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

Лани, кога го промовиравме ‘Винтерленд’, наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани навистина немаше човек од Скопје, а можеби и од Македонија што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката, ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред, рече Шилегов.

Додаде дека во изминатите две години се случиле убави концертни настани и оцени дека е подигнато нивото на културата во главниот град.

Од минатата година просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, а граѓаните имаат можност да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички во новогодишната населба. Шилегов најави и дека е потврден настапот на регионалната поп-ѕвезда Дино Мерлин за време на новогодишната ноќ. Скопје ќе биде во новогодишно руво од 1 декември.

Прочитајте и...  На денешен ден: Роден е Круме Кепески
Остави коментар

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top