in

На денешен ден: Роден е Круме Кепески

На денешен ден во 1909 во Прилеп роден е Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар.

Круме Кепески е автор на првата Македонска граматика објавена во 1946 година.

Тој е и коавтор на првата Ромска граматика објавена во 1980 година заедно со Шаип Јусуф.

Круме Кепески е дел од меѓувоената (меѓу двете светски војни) генерација на Македонски интелектуалци кои се впуштиле активно во остварувањето на вековните стремежи на Македонскиот народ за остварување на сопствена слободна и независна Македонска држава.

Негова најголема заслуга е подигањето на свесноста и грижата на Македонецот за сопствениот литературен јазик а со тоа и за сопствената националност.

Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик

Професорот Круме Кепески се упокоил на 3 ноември 1988 година.

Прочитајте и...  За еден ден продадени 220 000 влезници за изложбата на Леонардо да Винчи во Лувр

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote