Случувања

На денешен ден се самоуби Адолф Хитлер

На денешен ден пред 75 години во Берлин се самоуби Адолф Хитлер.

Во пресрет на доаѓањето на Црвената армија, Адолф Хитлер се самоубил на 30 април 1945 година, заедно со неговата сопруга Ева Браун, во својот бункер во Берлин, а ден потоа вториот човек на нацистичкиот режим Јозеф Гебелс изврши самоубиство заедно со својата сопруга, откако ги отруја своите шест деца.

Руските сили на 30 април 1945 година биле на само неколку стотини метри од бункерот на Хитлер.

Во раните утрински часови тој ден Вермахтот го информирал Хитлер, кој само неколку дена претходно го прославил својот 56-ти роденден, дека нема шанси да избега од бункерот на безбедно.

На улиците на Берлин, советските и германските сили биле вклучени во апокалиптичното финале на Втората светска војна во Европа – десетици илјади војници и цивили умирале на улиците, а цели населби се претворале во урнатини.

Тој 30 април 1945 еден телефонски повик стигнал како потврда дека сè е готово. На другиот крај на линијата бил генералот Вилхелм Кајтел, кој јавил дека германските сили не успеале да го пробијат советскиот обрач во Берлин. Ова значело дека поразот на германските сили е неизбежен, ги опишува Миш последните моменти од Хитлер.

Прочитајте и...  Видео: Маж се самозапалил среде центарот на градот

„Набргу потоа Миш слушнал како Хитлер тивко разговара со Мартин Борман. Погледнал и го видел Хитлер како заминува во своите одаи. По него заминала и Ева Браун“, пишува Мартин Маке, уредник на книгата за спомените на Миш.

Миш, како што ќе се открие години подоцна, го видел Ото Гунше, близок соработник на Хитлер, кој ја затворил вратата зад нововенчаната двојка. Тој рекол дека фирерот не сака никој да го вознемирува.

„Хитлер се ракуваше со Гунше и рече дека сите војници се ослободени од заклетвата на верност. Уште од претходно имаше кажано дека не сака неговото тело да биде јавно злоупотребувано како тоа на Мусолини, туку дека сака да биде спалено. Сите во бункерот нервозно чекаа. Вратата се отвори и Миш погледна внатре. Неговите очи прво паднаа на Ева.

Таа седеше со главата потпрена на Хитлер. Чевлите ѝ беа под каучот. Крај неа беше мртвиот Хитлер. Неговите очи беа отворени, а главата навалена нанапред“, се присетува Миш во книгата.

Прочитајте и...  Среќен Роденден, Фиќо: На денешен ден пред 64 години беше произведен првиот модел во Крагуевац

Миш подоцна беше фатен од Црвената армија, па во нивните кампови помина осум години.

Најпопуларно


To Top