Случувања

На денешен ден: Во 1912 г. бродот „Титаник“ удрил во санта мраз, следното утро потонал, загинале 1503 лица

На денешен ден во 1912 година британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.

„Титаник“ (RMS Titanic) бил британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.

Во „Титаник“ имало и повеќе македонски граѓани, од кои преживеале само 4, додека останатите се загинале.

Од вкупно 2 223 луѓе на „Титаник“, само 706 ја преживеале катастрофата а 1 517 исчезнале. Поголемиот дел од жртвите починале од хипотермија во водата со -2 степени целзиусови. Со оваа температура на водата, може да се очекува смрт за помалку од 15 минути.

Прочитајте и...  Зошто цело време се повторува да ги миете рацете - ПОУЧНО ВИДЕО ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најпопуларно

To Top