Случувања

На денешен ден во 1922 е родена холивудската дива Дорис Деј

На денешен ден во 1922 година е родена Дорис Деј, една од најпознатите легенди на златното доба на Холивуд. Таа беше американска глумица и пејачка и отворен активист за правата на животните од нејзиното повлекување од шоу-бизнисот.

Позната по својот убав глас и својата широка насмевка, Деј беше една од најголемите холивудски ѕвезди во 1950-ите и 1960-ите години, кога сними неколку големи кино-хитови со Рок Хадсон. Во 1960 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот „Шепотења на перница“.

Нејзин прв филм беше „Romance on the High Seas“. Во нејзината кариера, таа се има појавено во повеќе од 39 филмови, има снимано повеќе од 650 песни, номинирана е за Оскар, добитник е на Златен Глобус и Греми, и во 1989 години ја добива наградата Cecil B. DeMille за животно остварување во филмската уметност.

Холивудската дива почина во 2019 година на 97 години во својот дом во Калифорнија.

Прочитајте и...  ВИДЕО:Антониа Гиговска ја нарекоа чудото од Македонија - погледнете го настапот

Таа живееше повлечено откако заврши со актерската кариера пред повеќе од 30 години и за последен пат се појави на јавен настан во 1989 година, кога ѝ беше доделен почесен Златен глобус.

Hollywood Icon Doris Day Dead At 97 – Independent Newspapers Nigeria

Деј се мажеше четири пати, но имаше само еден син, Тери, кој почина во 2004 година. Во едно интервју призна дека првите тројца сопрузи не ја третирале како вистинска жена. Првиот ја малтретирал, вториот ја напуштил, а третиот банкротирал. 

How many children did Doris Day have, when did her son Tery ...

Деј страдаше од депресија, имаше панични напади и голем страв од летање. По снимени 39 филма во период од две децении, во 70-те се пензионира и се посвети на заштита на правата на животните.

Во 1960 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот Pillow Talk. Во музичкиот свет ќе остане запаметена по големиот хит Que Sera, Sera оригинално снимен во 1956 година.

Најпопуларно

To Top