Македонија

На денешен ден во 1945 формирана е првата Влада на Македонија на чело со Лазар Колишевски

Владата на Македонија од 1945 е првата влада на македонската република во составот на ново-формираната југословенска федерација.

Првата влада на Македонија, од 16 април 1946. Негативот се чува во Државниот архив на Република Македонија, подарок од Лазар Колишевски.

Првата влада на Македонија  е избрана на 16 април 1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ . Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија.

Владата е составена од претседател, два потпретседатели и 10 министерства. Нејзиниот состав е следниот:

  • претседател на владата: Лазар Колишевски
  • прв потпретседател и министер за финансии: Љупчо Арсов
  • втор потпретседател: Абдураим Мехмед
  • министер за внатрешни работи: Кирил Петрушев
  • министер за просвета: Никола Минчев
  • министер за правосудство: Павел Шатев
  • министер за индустрија и рударство: Страхил Гигов
  • министер за трговија и снабдување: Тоде Ношпал
  • министер за земјоделство и шумарство: Богоја Фотев
  • министер за народно здравје: Вукашин Попадиќ
  • министер за социјална политика: Неџат Аголи
  • министер за градежништво: Георги Василев
Прочитајте и...  На денешен ден во 1906 г. роден е големиот Антон Панов

Најпопуларно

To Top