in

На денешен ден во 1953 г. во Белград умрел Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист

Димитар Влахов е македонски револуционер, општествено-политички деец, државник, професор и публицист.

Роден е на 8 ноември 1878 година во Кукуш, во револуционерно семејство. Негов брат е револуционерот Христо Влахов.

Во 1903 година дипломирал на Софискиот универзитет. Есента 1903 година се вклучува во македонското национално-ослободително движење. Во 1904 година кратко време е член на ЦК на ТМОРО и раководител на ТМОРО во Солун. Уапсен е во 1904 година и останува во затвор до 1905 година. Во есента 1908 година е избран за пратеник во отоманскиот парламент, како претставник на левицата на македонското ослободително движење.

Учествува во редактирањето на весникот „Единство“.

Во август 1909 година е избран за претседател на Централното биро на НФП и станува еден од нејзините најистакнати членови. Од летото 1910 година станува член на Солунската социјалистичка федерација.

Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари.

Прочитајте и...  Оставил бакшиш од 9.000 евра за да им помогне на келнерите за време на пандемијата на коронавирусот

Во 1920 година Влахов бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО (Автономистичка), како претставник на левото крило. Влахов бил еден од член-основачите е на Македонскиот научен институт во 1923 г. Во 1924 година е еден од организаторите на потпишувањето на т.н. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот.  Во 1925 година, Влахов и група лево ориентирани македонски револуционери од сите краишта на поделена Македонија, како и со посредство на претставници од Коминтерната, во Виена ја формираат ВМРО (Обединета).

Во 1933 година, Балканскиот секретаријат на Коминтерната го разгледува македонското прашање кое го поставуваат членовите на ВМРО (Об). Со помош на Влахов била изготвена Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање, која била одобрена од Политичкиот секретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 година, а усвоена од Извршниот комитет на Коминтерната во февруари истата година. Одлуката на Коминтерната ја пренесува весникот „Македонско дело“ во април 1934 година. Во процесот на афирмација на вистината за македонската ослободителна борба и за демаскирање на антимакедонската активност, Влахов, покрај тоа што делува во Европа, тој соработува со печатот на МНС во САД и Канада. Тоа ги предизвикува антимакедонските сили кои во овој период имаат повеќе неуспешни обиди за ликвидација на Влахов, а во 1936 година бугарскиот суд му суди во отсуство и го казнува со 12 години и 6 месеци затвор. По ваквиот прогон, Влахов заминува во Москва, каде работи во Меѓународниот аграрен институт, а подоцна и во Институтот за историја на АН на СССР. Подготвува докторат за македонската историја. 

Влахов е делегат на АСНОМ и член на неговиот Президиум, а зазема високи државни функции. Како член-советник во Југословенската делегација присуствува на Париската мировна конференција. Главно поради ставот за обединувањето, обвинет е за дејност во „антипартиска група“ и испратен во Белград, каде што и умира на 7 јуни 1953 година.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote