in

На денешен ден во 1968, убиен е Мартин Лутер Кинг

Еден од најпознатите активисти за човекови права во историјата е убиен на денешен ден во 1968 година во Мемфис.

Роден како Мајкл Кинг Џуниор на 15 јануари 1929 година во Атланта, Џорџија, подоцна си го менува името во Мартин Лутер Кинг инспириран од германскиот протестантски реформист Мартин Лутер.

Посветен христијанин, Мартин Лутер Кинг го кренал американскиот народ на низа ненасилни протести и граѓанска непослушност по теркот на Махатма Ганди, а се противел и на Виетнамската војна. Во 1963 во одржал својот познат „I Have a Dream“ говор пред споменикот на Абрахам Линколн во Вашингтон. Мартин го следеле луѓе од сите раси и етникуми и токму затоа им сметал на многу политичари.

Martin Luther King Jr. fought for more than civil rights. This was ...

Бил фатално застрелан од Џејмс Ерл Реј во 18.01 часот додека стоел на балконот во својата хотелска соба во Мемфис, Тенеси. Бил пренесен во болница, но и покрај направената операција на градниот кош, Кинг починал во 19.05 часот.

Jesse Jackson on Martin Luther King's assassination: 'It redefined ...
Прочитајте и...  Познатата македонска фолкерка се разголе во најновиот спот

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote