Македонија

На ГАК породиле жена заразена со Kовид-19, за втора родилка чекаат резултати

Родилка од Куманово заразена со корона вирус вчера била породена на ГАК, дознава Сител. Жената е на 27 годишна возраст и е породена предвреме.

Според извори на Сител, бебето ќе биде пренесено на интензивна нега на ГАК , а родилката веќе е префрлена во Инфективната клиника. И втора родилка сомнителна на корона попладнето била примена на Гинекологија, но со мртов плод. За неа, според извори од клиниката се уште чекаат резултати дали има Kовид-19.

Извор: Сител ТВ

Прочитајте и...  Зошто цело време се повторува да ги миете рацете - ПОУЧНО ВИДЕО ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Најпопуларно


To Top