Вкупното топење мраз на Гренланд во саботата се проценува на 2 милијарди тони или два кубни километри ледена покривка, според CNN.

Фото: Shutterstock
Иако Гренланд е најголемиот остров во светот со големи количества мраз, многу е невообичаено толку мраз да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголемиот дел се топи во јули, објави американската телевизија.
Томас Мот, научник на Универзитетот во Џорџија, специјализиран за климата во Гренланд, изјави дека ненадејниот скок во топењето на мразот е невообичаен, но не и без преседан.
“Ова може да се спореди со она што го видовме во јуни 2012 година”, рече Мот, потсетувајќи дека таа е рекордна година кога целиот мраз во Гренланд бил погоден од одреден степен на топење, што се случи за прв пат откако се води евиденција.
