Занимливости

На ова малкумина се сеќаваат: Со кое име Здравко Чолиќ се претставуваше на почетокот на кариерата?

Пејачот Здравко Чолиќ е еден од најголемите заводници и шармери на Балканот, за кој се поврзани бројни анегдоти и приказни кои со години кружат, но еден детаљ за пејачот ретко кој го знае и тој е од самите почетоци на неговата музичка кариера.

Имено, уште од далечната 1974 година Здравко имал голема желба да стане позната светска ѕвезда, па потпишал договор со музичката куќа „WarnerBros Records“ и снимил неколку песни, односно мини – плоча за германското говорно подрачје.

Поради тоа, логично било дека и неговото име требало да се прилагоди, па така Здравко, станал Дравчо (Dravco).

Освен на германски, Здравко пеел и на англиски јазик и тоа во 1987 година, која го издал диско синглот „Light Me – I’m Not a Robot Man“.

Сепак, светската кариера ја заборавил откако со своите синглови ја освоил Југославија, а сето она што се случувало потоа е историја.

Извор: курир

Прочитајте и...  13 најчести грешки на родителите при воспитување на своите деца

Најпопуларно

To Top