Забава

На поранешната сопруга треба да и плати 180.000 долари затоа што 27 години чистела по дома

Се работи за 70-годишна жена која дипломирала економија, но воопшто не работела бидејќи се посветила на децата и домот.

Судот во Аргентина изрече пресуда според која сопружникот на својата поранешна сопруга треба да и исплати 8 милиони пезоси (скоро 180 илјади американски долари) во форма на отштета за извршување на сите домашни работи во текот на 27 години од нивниот брак.

domakinka cistenje 520x347

Судијката смета дека казната е разумна и нејзината цел е да создаде економска рамнотежа помеѓу поранешните сопружници.

Инаку, тие живееле одделно од 2009, а се развеле во 2011 година.

Овој финансиски надомест е воведен во Граѓанското право на Аргентина во 2015 година и може да се исплати еднократно, како месечен приход или во форма на пренесување на сопственост на стоки.

Прочитајте и...  Ќе заштедите многу пари доколку го исечете аголот од сунѓерот за чистење, а еве и зошто
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top