Случувања

НА ТВИТЕР ЈА ОБЈАВИ ТАЖНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД СВОЈОТ ТАТКО: Момчето имаше само една МОЛБА, а одговорот на народот го воодушеви!

Објавата стана вирална.

Момчето кое е запишано како Били на Твитер, ја објави фотографијата на татко му, кој стоеше сам на шалтерот на нивната нова, но празна продавница за крофни во Тексашкиот град Хјустон.

„Татко ми е тажен бидејќи никој не доаѓа во неговата нова продавница за крофни“, напиша Били на Твитер, а потоа се случи нешто неочекувано.

Објавата стана вирална, а клиентите почнаа масовно да доаѓаат во новата продавница наречена “Billy’s Donuts”. За многу кратко време, луѓето ја преплавија продавницата, а крофните беа целосно распродадени.

„Сакав да ве известам за новонастанатата ситуација. Ние целосно ги продадовме крофните. Неверојатни сте. Не можам да ви се заблагодарам доволно што дојдовте да го поддржите локалниот бизнис. Ова значи многу за моето семејство“, пишува Били.

Прочитајте и...  Априлијада „Скопје се смее“

Нивната официјална веб-страница на Instagram сега има повеќе од 14.500 следбеници, што е импресивен број за профил отворен пред неколку дена и со само шест објави.

Најпопуларно


To Top