На “WhatsApp” и “Viber” кружи порака од “Adidas” – не отворајте ја!

Многу корисници на “WhatsApp” и “Viber”, во последните неколку дена добиле порака во која се повикуваат да учествуваат во наградна игра на “Adidas”, но станува збор за измама.

““Adidas” подарува 3000 бесплатни пара обувки, 1800 маици за да ја прослави својата 95-годишнина, а патиките бесплатно можат да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/”. 

ezgif 2 6ca9c57467c0

Пораката е измама, а доколку се кликне на понудениот линк, вашиот телефон ќе се “замрзне” и единствениот начин за повторно да проработи мобилниот е присилно да се изгасне и пак да се вклучи. По вклучувањето, истата порака ќе биде испратена на сите контакти кои ги имате во апликацијата за разменување на пораки, а измамниците можат да дојдат и до други податоци на вашиот мобилен телефон.

Измамата ја потврди и самата компанија, истакнувајќи дека тие немаат таква “наградна игра”. Имено, оваа измама се шири од 2017 година, а освен “WhatsApp” и “Viber”, ја добиле и корисници на “Facebook” и “Twitter”.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Снимка на НАСА која го прикажува неверојатниот ефект на глобалното затоплување
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде