Занимливости

На жените им треба повеќе сон отколку на мажите затоа што повеќе го користат мозокот

Резултатите од едно истражување во кое учествувале 210 мажи и жени на возраст од 35-60 години покажале дека на жените им треба повеќе часови сон отколку на мажите, како и дека жените претрпеле повеќе здравствени проблеми на сметка на недоволно спиење.

„Откривме дека лошото спиење кај жените е силно поврзано со високото ниво на психички болки и поголемо чувство на непријателство, депресија и лутина“- велат од Klix.

Од друга страна, истите тие чувства не биле поврзани со исто ниво на пореметување на сонот кај мажите.

Џим Хорн, водечки британски стручњак за истражувањата поврзани со спиењето, вели дека тоа е една од најглавните функции кои му овозможуваат на мозокот да се опорави.

„Во текот на длабок сон, дел од мозокот кој е одговорен за памтење, се одделува од сетилата и на тој начин се опоравува. Што повеќе го користите мозокот во тек на денот, потребно ви е повеќе време за спиење за одмор на мозокот“- вели Џим.

Прочитајте и...  Трите сексуални фантазии на секоја жена

Исто така објаснува дека жените обично извршуваат повеќе дневни задачи и повеќе го користат мозокот, па затоа имаат поголема потреба од сон. Инаку жените во просек спијат 20 минути повеќе од мажите.

Најпопуларно


To Top