Занимливости

Жена поглавар од Малави раскинала над 1500 бракови со малолетни девојчиња и ги вратила назад во училиште

За жал, не секое девојче може да сонува за едне од најважните денови во нејзиниот живот, за денот кога ќе се омажи за љубовта на нејзиниот живот. Во Малави, вообичаено е малите девојчиња да се одвојат од нивното семејство и на сила да ги омажат за некој кој го немаат ни запознаено.

Дали можете да ги замислите шокот и траумата кои тоа ги создава?

Малави е најсиромашната земја на светот која се наоѓа во југоисточниот регион на Африка. Во неразвиените области, оваа традиција е вообичаена. Во 2012 година светот беше запрепастен кога дозна дека половина од девојчињата биле мажени од страна на нивните родители пред да наполнат 18 години.

Во 2015 година се воведе закон со кој на мажите им се забрани да се оженат со малолетни девојчиња, но тоа не стави крај на тие бракови, родителите продолжија да ги мажат своите ќерки за да ги намалат своите финансиски трошоци.

Прочитајте и...  Како да го мотивирате детето за учење

Освен тоа, малолетните девојки се испраќаат во кампови за сексуална иницијатива веднаш штом ќе започне нивниот прв менструален циклус. Таму тие учат за нивните должности и однесувања со кои ќе ги задоволат нивните сопрузи. Таму ги охрабруваат да имаат сексуални односи што резултира со премногу бремености и ХИВ вирус.

Ова беше премногу за Тереза Качиндамото, началник во областа Деда во Малави.

Таа изјави: „Ви се допаѓало тоа или не, овие бракови мора да бидат прекинати!“

Таа се запознала со 50 потпредсетали и ги убедила да го потпишат договорот со кој се става крај на овие бракови.

Во областите за кои што таа била задолжена, малолетните девојчиња повеќе не можеле да се омажат. Таа дури и ги отпуштила од работа оние кои го прекршувале договорот и ги затворила камповите за сексуална иницијатива. Успеала да прекине 850 бракови и да ги врати девојчињата назад во училишните клупи.

Ова не им се допадна на сите, на почетокот луѓето и рекле дека таа нема право да се меша во традицијата. Но, таа била решена:
„Воопшто не ме интересира. Јас кажав, што и да е , може,ме да разговараме, но овие девојчиња под секој услов ќе се вратат назад во училиште.“

Прочитајте и...  Дрво кое раѓа 40 различни видови на овошје!

Таа ја нагласи важноста на образованието:
„На почетокот беше навистина тешко, но сега луѓето разбираат. Доколку се образовани тие можат да бидат што и да посакаат.“

Нејзината напорна работа и визија инспирираше многу, бидејќи таа го направи вистинскиот чекор и обезбеди подобар живот за девојчињата во нејзината земја, иако мораше силно да се бори против традицијата за да успее во тоа.

„Сакам овие девојчиња да бидат образовани бидејќи во иднина тие ќе се грижат за нас.“ – додаде таа.

Најпопуларно


To Top