in

Начинот на кој фламингата ги хранат своите младенчиња – чудо на природата (ВИДЕО)

Способноста да произведат млеко со кое ги хранат своите младенчиња е особина која ги разликува цицачите од другите животни.

Поголемиот број од птиците своите младенчиња ги хранат со високо протеински инсекти, или во случајот на птиците грабливки – со месо од глодари.

Меѓутоа, истражувањата покажаа дека кај некои птици како што се гулабите, фламингото и царските пингвини, и мажјаците и женките можат да произведат „млеко“ со кое ги хранат своите младенчиња.

Фламингата се моногамни животни. Кога ќе го пронајдат партнерот, градат гнездо и во него положуваат едно големо јајце. Кога младенчето ќе се испили и мајката и таткото го хранат следните девет месеци.

Појавувањето на младенчето во мозоците на родителите стимулира ослободување на пролактин – истиот хормон кој поттикнува лактација кај жените со кој ќелиите во грлото на родителите испуштаат секрет на магична формула.

Интересно е тоа што во процесот на лактација фламингата ја губат бојата. До престанувањето на доење, пердувите на овие егзотични птици стануваат речиси целосно бели.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Продавница за домашни миленичиња тајно ги заменува сите миленичињата со бездомни животни

„Млекото од фламингата е богато со протеини и помасно е од човечкото млеко, има “конзистенција на кравјо сирење““, вели Пол Роуз, истражувач на фламинга од Универзитетот Егзетер во Велика Бртанија.

https://www.instagram.com/p/B8zCBKxFjpO/?utm_source=ig_embed

Млекото од фламингата е со впечатливо розова боја затоа што родителите го произведуваат со истите пигменти, каротеноиди кои исто така се заслужни за бојата на самите фламинга.

Иако станува за процес кој на научниците и на љубителите на птици им е непознат сепак снимката која се појави на социјалната мрежа Инстаграм предизвика неверојатен број на реакции.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote