untitled 4 702x336
untitled 4 702x336

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша национална потерница за Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски.

Како што информираат од МВР, откако биле известени дека Спасов не се вратил во казнената установа, започнале по потрага. Спасов изминатите 14 месеци бил пуштен на слобода поради здравствени причини. Како што стои во потерницата, тој треба да се врати  за доиздржување на казна затвор од 7 години и 3 месеци. Спасов е осуден на 14 години затвор, а казната ја издржува од 2011 година.

Игор Спасов беше осуден за убиството на Нешковски, откако го претепал за време на прославата на изборната победа на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот Македонија. Полицијата неколку дена се обидуваше да го прикрие убиството, што беше повод за бројни протести против полициската бруталност.

Прочитајте и...  Која е жената која “Систина” ја спасуваше од мувите и третманот во кумановската болница
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за