Над 130 шумски пожари во Русија, во гаснењето учествуваат повеќе од 1.000 луѓе

Повеќе од 130 шумски пожари се регистрирани на површина од речиси 44.000 хектари во неколку области во Русија, соопшти прес-сервисот на Службата за заштита на шумите од воздух.

rusija0

Во соопштението се наведува дека до полноќ на 22 август, регистрирани се пожари на 136 локации на вкупна поврина од 43.976 хектари и дека во тек се напори огнот да се контролира.

Од Службата додаваат и дека во гаснењето учествуваат 1.400 луѓе со 80 парчиња опрема. Во четири руски области поради пожарите е прогласена вонредна состојба.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.