Синоќа почна јубилејната дваесеттата сезона, односно 10 години „Моден викенд Скопје“, годинава заедно со јубилеи, 70 години „Музеј на град Скопје”. Оваа година Модениот викенд  ќе трае до трети неомври.

Публиката синоќа имаше можност да проследи  ревии со различни модни концепти, комбинација од домашни и регионални дизајнери .

Прва се претстави Ирина Тошева со новата зимска колеција „REM” преку која таа ги истражува ликовното творештво и надреализмот како појдовна инспирација.

Кренаре Ругова, гостинката од Косово беше втроа, со модни парчиња за есен-зима ’19/’20, нослива гардероба од природен текстил и со унифицирани геометриски форми.

Гостите на модниот викенд имаа можност да видат дел од брендот SIGMA Jewelry луксузен накит и уникатни модни додатоци.

prv-den-na-moden-vikend-skopje-dreg-kralici-i-ekstravagantni-gejshi-ja-otvorija-dvaesettata-sezona-03.jpg

Вечерта ја заокружи модниот филм и перформансот „+7 HOURS”, во реализација на наградуваната платформа за концептуален дизајн ИВАН АСЕН 22 од Софија, под водство на кураторот Нели Митева. Во прашање е проект што има за цел да ги вкрсти бугарската и јапонската култура низ јазикот на визуелното.

Финалниот резултат се екстравагантни креации, заеднички создадени од девет модни дизајнери од Бугарија, како и четири студенти по моден дизајн од Јапонија. Седум часа всушност е времето кое ги „дели” како разлика овие две земји. Главната улога во истоимениот филм што го придружува перформансот ја толкува актерката Ирмена Чичикова. Го истражува феноменот за современиот урбан живот, пресликан во футуристички варијанти на традиционалните кимона и носии.

Прочитајте и...  Eмили Ратајковски во класично издание без градник го полуде посилниот пол

Мотото на 10. Моден викенд е „Десет години заедно – приказната продолжува“, а трае до утре.

ФОТО: AD Photography

republika.mk

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде