Дом и Градина

Најчести хигиенски грешки кои ги правиме во тоалетот: Вака го претвораме во оаза за бактерии!

Ова е едно од најважните правила за користење на тоалетот – што и да правите, измиете ги вашите раце!

Медицинскиот центар при универзитетот во Њујорк откри една тајна: секогаш кога пуштаме вода во ВЦ школката, во воздухот се испушта аеросол и така се создава мал облак од капките од ВЦ школката, кој продолжува да кружи низ тоалетот.

После некое време тој пука, но не над ВЦ шољата, туку било каде во тоалетот и така бактериите се шират по нашите средства кои ги употребуваме секојдневно, а не сме свесни за тоа.

За да го спречиме ширењето на овие бактерии потребно е да ги избегнувате следниве работи:

1. Ја оставате подигната даската на ВЦ шољата

Откако го прочитавте воведниот дел, јасно ви е зошто е ова важно.

2. Користите мобилен телефон додека ја користите ВЦ шољата

Ова правило е особено важно за јавните тоалети. Овај „облак“ од тоалетна вода содржи траги од фекалии и урина па така ризикувате овие честици да се најдат на вашиот телефон кој не го чистите толку често колку што би требало. Едно истражување покажало дека четвртина од женските чанти на себе содржат честички од фекалии.

Прочитајте и...  Како да ги избркате мравките со помош на природни средства

3. Не ја затворате козметиката

Ова посебно важи за шминката која ја ставате на вашето лице. Поради овие честички во воздухот најдобро би било шминката да ја чувате затворена, односно во несесер во некоја фиока.

4. Не ги миете рацете

Ова е е од најважните правила за користење на тоалетот. Што и да правите – после тоа измијте ги вашите раце – особено пред нанесување на крем или шминка на лицето, но задолжително по користењето на ВЦ шољата.

5. Не ги чистите приборот за шминка и пешкирите

Бактериите кои се наоѓаат во тоалетот лесно можат да се „залепат“ за вашите четки или сунѓерчиња за шминкање, а уште полесно на пешкирите. Затоа е многу важно пешкирите да ги менувате на секои три дена, а приборот за шминкање темелно да го чистите еднаш неделно.

6. Не се грижите за четките за заби

Бактериите кои се лепат на четките за заби можат да предизвикаат вопаление на непцата или прелада. Затоа треба да се менуваат на секои три месеци. Доколку само што сте го прележале грипот, одма заменете ја вашата четка. Исто така важно правило е четката да стои на воздух, а не затворена.

Прочитајте и...  Оригинални решенија кои штедат простор во малите кујни

7. Сушите облека во тоалетот

Тоалетот е совршена средина за развивање на бактерии. Спојот на топлина и влага е идеално место за бактериите кои ќе се шират по вашата мокра облека. Затоа е важно вашите пешкири што помалку да бидат мокри.

Најпопуларно


To Top