in

Најчестите грешки кои ги правиме при варењето на тестенини

Најздравиот начин да се зготват тестенините е „ал денте“. Преварените тестенини тешко се варат и побавно се апсорбираат во организмот.

Најдобрите совети за правилно подготвување тестенини

Користете големo тенџере

Во овој случај, големината на тенџерето е важна поради количината на вода. Доколку турите премалку вода, тестенините ќе бидат лепливи и кашести.

Солена вода

Пред да ги ставите тестенините да се варат, во водата додадете сол. Тестенините ќе ја впијат солта во текот на варењето и ќе бидат повкусни.

Точка на вриење

Многу е важно водата навистина да зоврие пред да ги ставите тестенините во неа.

Масло во водата

Многу луѓе истураат масло во водата затоа што слушнале дека тогаш тестенините нема да бидат лепливи. Проблемот со лепливоста ќе го решите така што редовно ќе ги мешате тестенините за време на готвењето, а избегнувајте додавање масло затоа што ќе се создаде масен слој на тестенините поради кои сосовите ќе се лизгаат од нив.

Прочитајте и...  Пилешки гради во сос од печурки

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote