Занимливости

Најчитаното дело на Ремарк „Триумфална капија“- посветено на неговата најголема љубов Марлен Дитрих

Култниот роман „Триумфална капија“ Ремарк го посветил на Марлен Дитрих, бидејќи додека го пишувал бил заљубен во неа.

„Немој на мислиш на било што и не прашувај ништо. Ги гледаш ли надвор светилките во илјада шарени фирми? Ние живееме во време кое умира, а овој град се тресе од живот. Ние се отргнавме од се, ги имаме само уште своите срца. Бев на еден предел на месечината и се вратив, зошто тука си ти, а живот си ми ти. Не прашувај ништо повеќе. Има повеќе тајни во твојата коса, но во илјада прашања. Тука пред нас е ноќта, неколку часови и една вечност, додека утрото не го нагласи крајот низ прозорите. Да се сакаат луѓето, во тоа е се, чудо и неразбирлива работа што постои, тоа го почувствував денес, кога ноќта се претвори во цветна грмушка и ветрот мирисаше на јагоди, а без љубов човекот е само мртовец во отсуство, ништо повеќе од неколку датуми и некое случајно име..“.

Во септември 1930 година Ремарк за прв пат во Берлин се сретнал со нежната пејачка со убави нозе, Марлен Дитрих, во барот на хотелот „Еден“. И бил силно воодушевен кога после настапот ја нашол како го чита Рилке. Дитрих со насмевка му ја подала книгата и го замолила да најде било која песна, а кога тој избрал една, таа на памет му ја изрецитирала со својот заводнички, низок глас. Ремарк бил маѓепсан. Испил многу калвадоси, а утрото неговата прекрасна соучесничка од вечерта не била тука.

Прочитајте и...  Истражување од Харвард ја откри тајната на среќниот и исполнет живот

Следните седум години Ремарк не можел да ја заборави таа кратка средба. Ако и се верува на ќерката на Дитрих, втората средба со нејзината мајка на Ремарк му се случила во 1937 година на филмскиот фестивал во Венеција, во салата за ручек на хотелот „Хотел де Бен“. Марлен Дитрих седела на масата со својот сопруг Руди Зибер и филмскиот режисер Жозеф Штернберг, кога кон нив пристапил маж со тенки црти на лицето и полни усни.

„Господине Штенберг? Мадам? Дозволете ми да се претставам- Ерих Марија Ремарк.“
„Вие сте премногу млад за авторите на извонредни книги во нашево време“- рекла Марлена Дитрих, внимателно посматрајќи го странецот.
„Јас би ги напишал само за да ве слушам како вие ги изговарате.“- рекол задоволно и се поклонил.

Тие тогаш биле неопходни еден на друг. Тој неа ја излечил од депресија, а таа него од чувството на тешката осаменост во текот на емиграцијата. Тој ќе ја нарече „орхидеја од челик“, како и „мала тажна пантерка“, па и „златна пума“, но наскоро ќе се увери дека таа грабливка неможе да ја припитоми, колку и да се труди. Во тоа време биле доста раздвоени, па се допишувале со писма.

Прочитајте и...  Француски инженер измисли засолништа за бездомници кои држат топлина во текот на зимата

Ремар заминува во Холивуд и и предлага да се омажи за него, а како одговор ќе слушне дека го абортирала неговото дете и дека е бремена од актерот Џејмс Стјуарт, со кој го снимала филмот „Дестри повторно јава“.

Ремарк бил целосно скршен, но сепак неможел да се откаже од неа и размислувал како повторно да и се приближи на Дитрих. На 30 септември 1938, како заклучок тој напишал во својот дневник:

„Работи, работи, работи. Подалеку од пумата. Подалеку, подалеку! Во тоа нема повеќе никаква смисла!“.

А Марлен ги менувала своите љубовници, меѓу кои имало и дами: руската балерина Вера Зорина, канадската милијардерка Џо Карстерст, француското „врапче“ Едит Пјаф… Ремарк се обратил за помош кај психијатри. Тие му ја соопштиле болната вистина: „извонредни животни амбиции и голема зависност од љубовта на другите луѓе“. Требало да смени нешто брзо и Ремарк се одлучил да и постави избор на Дитрих: да се омажи за него, или тој ќе се ожени со актерката Полет Годар, бившата жена на Чарли Чаплин, убава и богата. Но, во тоа време Марлен имала авантура со „мачо“ французинот Жан Габен. И Ремарк го одржал својот збор. Се оженил и се посветил на работа на романот „Време на животот и време на смртта“ кој и го посветил на својата жена.

Прочитајте и...  Луѓе користат апликација за бришење шминка за да го видат вистинското лице на славните, погледнете ги резултатите

Ремарк живеел во Швајцарија не излегувајќи од дома и пиејќи многу, а Полета снимала филмови низ целиот свет. Во 1967 година кога Германската амбасада му доделила орден, имал два срцеви напади. Три години потоа, тој починал. А „златната пума“ го надживеала Ремарк долги 22 години. Оставајќи го филмот, таа се затворила во париски стан со познатите „ѕидни спомени“: на едната страна од ѕидот виселе нејзините сопствени фотографии, а на другата, фотографии од нејзините љубовници. Многу пиела, непрестано давала интервјуа. Се зборува дека на својата секретарка Марија Зимељ, гледајќи во фотографиите од Ремарк и рекла: „Боже, колку го сакав тој човек!“.

После смртта на Марлен Дитрих, нејзината ќерка Марија одлучила да ги спреми за печатење Ремарковите писма до нејзината мајка, обелоденувајќи дека на нив има видливи траги од солзи.

„Ти си се во едно- и авантура и невеста. Ти си за мене, а јас сум за тебе. Не може да биде поинаку. Ти не си ехо кое дише, а јас сум. Огледало кое го фаќа твојот сјај, го собира и повторно ти го испраќа тебе.“– пишувал славниот писател Ерих Марија Ремарк на жената која ја обожавал, филмската актерка и сонародничка Марлена Дитрих во едно од стотина писма колку што и испратил во текот на тригодишната врска.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top