Текстови и колумни

Најдобар

Ти ми зборуваш со погледи.
Јас ти зборувам со проза и поеми.
Ги пишувам со скриени пораки и ги оставам на видик твој.
И двајцата не сме далеку од коминикација.
Луѓето создадоа милион начини за комуникација, а јас… ја сакам онаа со поглед сочинет со многу чуства.
Со проза и поезија..
По некоја соната.
Мелодија од допири.
Па дури и басни додека лежиме уморни на креветот.
Се е подобро од ова.

Ти ме допираш со страв од загуба.
Посесивно, агресивно, проповеднички.
Јас те допирам со искрени чуства со стопен мраз кој со векови се насобрал во моето срце.
Јас ја полнам сета твоја празнина во душата.
И двајцата не сме далеку од љубовта.
Секоја врска свои правила.

Ти ме љубиш на периоди, помалку зборови помалку допири, помалку романтични гестови.
Јас сакам да дадам се, сега и овде.
Јас не сакам да се коцкам со иднината.
Иднината на никого не му била загарантирана.
Ни мене
Ни тебе
Ни нејзи
Ни на него.
Сега, тука додека молњи од емоции паѓаат од небото.
Да дадам се за утре да немам ништо и да не се кааам.
Да собирам како просјак емоции цел живот.
Да си запечатам живот во самица до судниот ден.

Прочитајте и...  Жено, не гледај во минатото, знај дека тој се нема променето..

Ти чувај за некое друго време.
Во тоа си најдобар.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top