Ако сакате десерти, а не сакате да трошите часови на подготовка, го имаме идеалниот рецепт за вас.

Потребни состојки:
100 г темно чоколадо
130 г путер
100 г бел шеќер
50 г кафеав шеќер
3 јајца
малку сол
1 ќесичка ванилин шеќер
60 г брашно
30 г какао
Начин на подготовка:
Најпрво, намрсете калап со големина 7х7 со путер и ставете хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180℃.
Исечете ја чоколадата на ситни парчиња. Ставете ја во сад на рингла заедно со путерот и мешајте додека се убаво не се стопи и соедини. Потоа, оставете ја смесата да се излади.
Во меѓувреме, во друг сад ставете ги белиот и кафеавиот шеќер. Додавајте ги јајцата едно по едно мешајќи ја смесата после секое јајце.
Кога ќе добиете кремаста смеса додадете сол, ванилин шеќер и изладената стопена смеса со чоколадо.
Измешајте убаво. Просејте го брашното заедно со какаото во садот и нежно преклопувајте ги во смесата со шпатула.
Турете ја добиената смеса во веќе подготвениот калап и нежно протресете го за тестото рамномерно да се рашири.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути.

