Кујна

Најдобрата рецепта за браунис колачиња

За љубителите на чоколадо, прекрасни браунис со мека внатрешност и крцкава површина.

Потребни состојки:

400 гр чоколада за готвење

100 гр путер

140 гр шеќер

140 гр брашно

4 јајца

Начин на подготовка:

Се матат јајцата и шеќерот со жица за матење.
Во меѓувреме на пареа се топат чоколадото и путерот.
Изладени се додаваат во смесата од јајца и шеќер.
Потоа се додава брашното и се меша со лажица додека се добие убава, хомогена смеса.
Во намрсена тава ( димензии 24х24 ) се става смесата и се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
Површината треба да биде крцкава, а внатрешноста мека.

За подобар вкус, додадете топка сладолед.

Пријатен апетит!

Извор: moirecepti.mk


Прочитајте и...  Посна чоколадна баклава- Совршена за целото семејство
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top