Кујна

Најдобрата рецепта за кифли меки како душа

Ви ја претставуваме најдобрата рецепта за кифли. Ве уверуваме дека нема да зажалите доколку решите да ги направите и сигурни сме дека секој нареден пат ќе ги правите по оваа рецепта.

Потребни состојки:

1 и пол коцка квасец

1 и пол лажица шеќер

300мл млеко

околу 1 и пол кг брашно (по потреба додека тестото стане меко)

150мл вода

150мл јогурт

2 јајца

1 лажица сол

2 филџани зејтин

За премачкување:

1 јајце

маргарин

Начин на подготовка:

Пред да започнете со подготовка на кифлите, погрижете се сите состојки да бидат на собна температура.

Загрејте го млекото и ставете го квасецот со малку брашно и шеќер да надојде. Потоа додадете ги останатите состојки. Замесете убаво, мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете.
Оставете го во садот, покријте го со крпа и оставете го на топло место додека да нарасне.

На намасната површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Доколку има потреба поделете го на повеќе делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора. Кората намачкајте ја со растопен маргарин. Сечете со нож на 12 или 16 делови.Кифлите можете да ги полните со спанаќ, сирење, шунка по желба. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан плех. Оставете ги убаво да нараснат.

Прочитајте и...  7 моќни предности на киселата зелка

Вклучете ја рерната да се загрее на 180°C. Нараснатите кифли намачкајте ги со изматеното јајце. На секоја кифла ставете малку маргарин. Додадете сусам или чиа семе по желба.
Кифлите се печат околу 25 минути.

Пријатен апетит!

Најпопуларно


To Top